Дома Трансфер зона Jувентус ќе купува нов играч поради повредата на Погба?

Jувентус ќе купува нов играч поради повредата на Погба?

Пол Погба требаше да биде големо засилување за Јувентус, но се повреди поради што го чека пауза од неколку месеци и тоа не му остава друг избор на раководството на тимот, освен да тргне по замена.

Французинот пристигна како бесплатен играч, откако му заврши договорот со Манчестер јунајтед, но најверојатно ќе паузира околу четири месеци.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Погба најверојатно ќе го пропушти и Светското првенство (СП) во Катар, кое се игра на крајот на годинава, а во Јувентус активно бараат негова замена.

Јувентус се распрашува за Саул Нигез од Атлетико Мадрид, кој минатата сезона беше на позајмица во Челси, но не се прослави.

„Старата дама“, исто така, преговара и за Леандро Паредес од ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Миланско дерби за „нвиот Неста“

Дефанзивецот на Торино, Алесандро Бонџорно е на трансфер листата на миланските гиганти Мил…