Дома Трансфер зона Jувентус спремен да го возврати „ударот“ од Интер – „старата дама“ преговара со Перишиќ?!

Jувентус спремен да го возврати „ударот“ од Интер – „старата дама“ преговара со Перишиќ?!

Подолго време Интер преговара со Паоло Дибала кој ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната, „нероаѕурите“ се обидуваат да ја искористат ситуацијата и да го доведат Аргентинецот од редовите на големиот ривал. Сепак и „старата дама“ изгледа не седи со „скрстени раце“.

Каква што е ситуацијата на Дибала со истекувањето на договорот во Јувентус, таква е ситуацијата и со Перишиќ во Интер. Договорот на Хрватот истекува, различно е што за Дибала веќе има потврда дека нема да го продолжи. Перишиќ после победата токму против Јувентус во Купот на Италија испрати порака до Интер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Се чувствувам како лидер, но кога екипата вака работи тогаш е лесно да се биде лидер. Мораме да продолжиме вака. Имаме уште две финалиња и се е можно ако продолжиме да веруваме. Верувам дека можеме да ја освоиме титулата пред Милан. За нов договор се уште не знам ништо. Само знам дека со важните играчи не се чека до последен момент“, гласеше таа изјава на Перишиќ.

Во текот на вчерашниот ден се појавија вести дека Перишиќ е најблиску до Челзи, меѓутоа денес „Газета дело Спорт пренесува“ дека офанзивниот бек би можел кариерата ја продолжи и во Торино.

Алегри сака „ремонт“ во навалната линија и би му ја понудил на Хрватот позицијата на крило, наместо улогата офанзивен бек која ја има во Интер. Според информациите на Италијанците крилната позиција и повеќе му одговара на Перишиќ.

Работите со Перишиќ би требало да бидат појасни по завршувањето на сезоната кога се очекува да ја соопшти конечната одлука дали продолжува или заминува од Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …