Дома Фудбал Останато Jувентус е причината поради која Конте не брза со новиот договор во Тотенхем?

Jувентус е причината поради која Конте не брза со новиот договор во Тотенхем?

Тотенхем има намера да ја продолжи соработката со стратегот Антонио Конте.

Следниот месец ќе биде точно една година откако италијанскиот тренер го презеде клубот од Лондон, а актуелниот договор му истекува на крајот од оваа сезона.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Раководството на Тотенхем има можност да ја продолжи соработката на уште 12 месеци, но планира за време на клупската пауза поради Светското првенство да започне разговори со Конте за потпис на нов договор.

Досегашните резултати на теренот покажуваат дека двете страни би можеле да бидат задоволни од продолжувањето на соработката, но некои медиуми пренесуваат дека Конте не сака да брза со новиот договор додека не биде сигурен дека нема да добие повик од Јувентус каде што на Алегри не му оди.

Клупата на Алегри веќе некое време сериозно се тресе, па медиумите го истакнуваат Конте како еден од неговите потенцијални наследници. Конте го водеше тимот на Јувентус од 2011 до 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лапорта договорил голем трансфер: Барселона добива засилување од Германија

Сè повеќе се шпекулира дека Барселона веќе го завршила својот прв трансфер за новата сезон…