Дома Фудбал Избран најубавиот стадион на светот

Избран најубавиот стадион на светот

Угледната Марка го бираше најубавиот стадион на светот. Право на глас имаа сите читатели на шпанскиот медиум, а на крајот имаше преку милион гласови.

Победата со повеќе од 121.000 гласови ја однесе Меѓународниот стадион во Каиро на кој натпреварите ги игра Ал Ахли. Фудбалскиот храм од престолнината на Египет ја однесе победата пред европските великани.

Подиумот го комплетираа најпознатите шпански стадиони Сантијаго Бернабеу и Камп Ноу. Потоа следуваа Сан Мемес, Монументал и Ванда Метрополитано.

Во Топ 10 уште се пласираа Ла Бомбонера, Енфилд, Сигнал Идуана Парк и Олимпискиот стадион Радес.

Интересно е што во врвот ги нема легендарните стадиони како Олд Трафорд (14 место), Сан Сиро (17), Јохан Кројф Арена (23).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…