Дома Фудбал Италијанците убедени: Ова е уште еден доказ дека Влаховиќ заминува од Јувентус

Италијанците убедени: Ова е уште еден доказ дека Влаховиќ заминува од Јувентус

Јувентус прави сè за да го задржи Рандал Коло Муани и тоа е уште еден доказ дека Душан Влаховиќ сигурно ќе го напушти Торино на крајот од сезоната.

Сигурни италијански медиуми открија дека Јуве се подготвува да ја продолжи позајмицата на францускиот напаѓач за уште една сезона, бидејќи нема пари да го откупи, и се очекува ПСЖ да се согласи, бидејќи Луис Енрике не смета на него.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Коло Муани веднаш по пристигнувањето го зазеде местото на стартер пред Душан Влаховиќ, кој во убедливиот пораз од Аталанта беше дури петта измена на Тијаго Мота.

Јуве е подготвен да плати 10 милиони евра за Коло Муани да ја продолжи позајмицата до летото 2026 година, но преговорите се очекуваат на крајот од сезоната.

Сигурно е дека приоритет на Парижаните ќе биде продажбата на Коло Муани, но тешко дека ќе успеат да вратат и половина од дури 95 милиони евра колку што го платија Ајнтрахт од Франкфурт.

Што се однесува до Влаховиќ, тој гледа кон Премиер лигата, но сигурно дека ќе има бројни понуди кога на лето ќе влезе во последната година од договорот со Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал ита кон титулата, но и големо засилување од Баерн: „Близу е!“

Лондонскиот клуб оваа сезона по долго време може да се искачи на тронот на Премиер лигата.…