
Лука Модриќ вечерва од 20:45 часот ќе игра од првата минута во дебито за Милан против Кремонезе, на отворањето на новата сезона од Серија А.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Газета дело Спорт открива како тренерот на Росонерите Максимо Алегри решил довербата од првата минута да му ја даде на искусниот хрватски маестро, оставјќи го на клупата 24-годишниот италијански репрезентативец Самјоел Ричи.
За Модриќ ова ќе биде емотивна вечер. Првпат по 2012 година, облекува дрес на нов клуб. Со бројот 14 на грбот, ќе истрча на легендарниот терен „Сан Сиро“, пред 70 илјади навивачи.
Алегри го гледа Модриќ како мозок на тимот – диригент кој ќе ги повлекува конците на играта, ќе ја поврзува задната линија со напаѓачите, ќе испраќа топка во простор, ќе го диктира ритамот и ќе ги храни напаѓачите како Хименес прецизни топки.