Дома Фудбал Ираола веќе направи прв потег: Договори засилување за Ливерпул, ќе плати 58 милиони евра

Ираола веќе направи прв потег: Договори засилување за Ливерпул, ќе плати 58 милиони евра

Ливерпул започна со реконструкција на тимот за следната сезона, а новиот тренер Андони Ираола наводно веќе одреди еден од главните кандидати за засилување на одбраната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите кои доаѓаат од Англија, на врвот на листата на желби се наоѓа стоперот на Барнли, Максим Естев.

Францускиот дефанзивец привлече внимание со одлични настапи, а неговите игри не останаа незабележани ни меѓу клубовите од врвот на англискиот фудбал.

Ливерпул бара нови решенија во последната линија по заминувањето на Ибраима Конате, поради што доведувањето на квалитетен стопер стана приоритет.

Токму поради тоа, Естев се наметна како една од најинтересните опции за клубот од Енфилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…