
Интер веќе испрати понуда од 40 милиони евра до Аталанта за напаѓачот на бергамаските, Адемола Лукман, според информациите од „Газета дело Спорт“ и Sky Sport. 27-годишниот Нигериец е силно посакуван од „нероазурите“, кои сакаат да ја зајакнат својата атака.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, се чини дека договорот сè уште не е на повидок, бидејќи Аталанта бара најмалку 50 милиони евра за својата ѕвезда, кој има 52 голови и 25 асистенции во 118 натпревари со нивниот дрес. Од Интер, пак, не изгледа дека се подготвени да ја зголемат понудата.
Инаку, самиот фудбалер се согласил на личните услови со „нероазурите“, согласувајќи се на петгодишен договор и ќе добива околу 4 милиони евра годишно.
Интер не е единствениот клуб што го сака Лукман, бидејќи за него се интересира и Атлетико Мадрид. Минатата сезона, Нигериецот одигра 39 натпревари, во кои постигна 20 голови и додаде 7 асистенции. Договорот со тимот од Бергамо му важи до 30 јуни 2027 година.