Дома Фудбал Интер или ПСЖ? Еве кој е фаворит според обложувалниците

Интер или ПСЖ? Еве кој е фаворит според обложувалниците

Интер и Пари Сен-Жермен ќе играат за титулата во Лигата на шампионите на 31 мај на Алијанц Арена во Минхен. По завршувањето на полуфиналните дуели, обложувалниците поставија коефициенти за исходот на натпреварот и за вкупниот победник, при што предност му даваат на парискиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер, да потсетиме, по групната фаза славеше против Феенорд (2:0, 2:1), Баерн (2:1, 2:2) и Барселона (3:3, 4:3), додека ПСЖ заврши во финалето со натпревари против Ливерпул (0:1, 1:0, 4:1 на пенали), Астон Вила (3:1, 2:3) и Арсенал (1:0, 2:1).

Натпреварот се игра последниот ден од мај на стадионот на Баерн со почеток во 21 часот.

Коефициенти на обложувалниците за исходот на финалето

Победа на ПСЖ – 2.20
Нерешено – 3.30
Победа на Интер – 3.10
ПСЖ нема да загуби – 1.33
Интер нема да загуби – 1.60

Коефициенти за освојување на титулата

ПСЖ – 1.55
Интер – 2.30

Фото: Inter/PSG – FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку заминува, Наполи носи замена од Арсенал

Ромелу Лукаку ќе го напушти Наполи во наредните денови. Како ПАМЕТНО да типувате на World …