Дома Фудбал Интер договори засилување од Франција

Интер договори засилување од Франција

Интер постигнал договор со Ленс за доведување на играчот од средниот ред Анди Диуф за 20+5 милиони евра, пренесува “Скај Спорт Италија”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа недела францускиот играч ќе патува за медицински прегледи, по што ќе потпише петгодишен договор.

Договорот за трансферот на Диуф беше постигнат откако Интер не успеа да го привлече неговиот сонародник од Рома, Ману Коне. Од друга страна, претходно ова лето Ленс одби понуди од Наполи и клубови од Премиер лигата со вкупна вредност од 20 милиони евра. Играчот од средниот ред е младински репрезентативец на Франција и минатото лето освои сребрен медал на Олимписките игри во Париз.

Диуф е дел од Ленс од летото 2023 година, кога Базел плати 14 милиони евра за него. Оттогаш до сега има одиграно вкупно 68 натпревари со 2 гола и 2 асистенции за клубот од Лига 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…