Дома Фудбал Инсајдер открива колку ќе заработува Модриќ ако остане во Милан

Инсајдер открива колку ќе заработува Модриќ ако остане во Милан

Лука Модриќ (40) во летото 2025 година го напушти Реал Мадрид откако му истече договорот и потпиша едногодишен договор со Милан. Хрватскиот играч за врска стана клучен играч на тренерот Масиљано Алегри со 36 настапи, два гола и три асистенции. Последните месеци е тема дали ќе го продолжи договорот и ќе остане во миланскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Николо Шира, италијански инсајдер, тврди дека Милан е уверен дека ќе го задржи Модриќ. Според неговите информации, капитенот на Хрватска може да остане уште една сезона во италијанскиот гигант, со плата од 4.5 милиони евра годишно.

Платите на професионалните фудбалери не се јавни, но често протекуваат преку различни медиумски канали. „Calcio e Finanza“ пишуваше дека Модриќ по сезона во Милан заработува околу 3.5 милиони евра нето. Според информациите на Шира, тоа значи дека би можел да добие покачување на 41 година во однос на актуелната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси со сензационна понуда за уште еден ветеран

Челси подготвува уште еден сензационен трансфер. Откако стана јасно дека блиску до договор…