Дома Фудбал Инциденти во Црна Гора: Хрватски навивачи биле нападнати по балканското дерби!

Инциденти во Црна Гора: Хрватски навивачи биле нападнати по балканското дерби!

Стигнуваат вести за напад врз колоната на хрватски навивачи кои се враќале од Подгорица.

По триумфот против Црна Гора (2:3), Хрватска го заврши квалификацискиот циклус за Светското првенство 2026. Околу 550 хрватски навивачи патуваа до Подгорица, но по средбата, за жал се случи инцидент.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Според информации од навивачките кругови, колоната на хрватските навивачи била нападната по патот назад од Подгорица. Непознати лица фрлале камења врз возилата, а кога навивачите излегле од автобусите, напаѓачите избегале во шумата.

Сè уште не е јасно дали има повредени и каква била евентуалната штета.

Да додадеме дека колоната со автобуси, автомобили и комбиња пристигна во Подгорица под силна полициска придружба. Обезбедувањето беше огромно, бидејќи домаќините не сакаа да остават ништо на случајност, па дури и затворија неколку градски улици.

Пред натпреварот се пишуваше дека полицијата успеала да го спречи влезот на Делии и Гробари во Подгорица. Тие имале намера да направат заседа за хрватските навивачи, но среќа не успеале во тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен натпревар во Мадрид: Реал доби два црвени картони, Селта победи за првпат од 2014 година (Видео)

Селта вечерва по повеќе од 10 години дојде до победа во Мадрид на стадионот Сантјаго Берна…