Дома Фудбал Инцидент во Трета лига: Претепан фудбалер во Волино!

Инцидент во Трета лига: Претепан фудбалер во Волино!

Вчера полициски службеници од СВР Охрид го уапсија С.Б.(43) од селото Волино, општина Дебрца.

Тој, по завршување на фудбалски натпревар од Третата фудбалска лига во Волино, физички го нападнал Р.Н.(25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кајоде блесна на дебито за Италија: Манчини ми веруваше повеќе отколку што очекував

Мајкл Кајоде го одбележа првиот настап за Италија со гол против Турција, а откри и зошто н…