Дома Фудбал Ибрахимовиќ се огласи за неговата здравствена состојба: Изгубив три килограми…

Ибрахимовиќ се огласи за неговата здравствена состојба: Изгубив три килограми…

Фановите во последниве денови беа загрижени за здравствената состојба на Златан Ибрахимовиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Грипот е минато, Ибрахимовиќ во недела се појави во Наполи, на стадионот Диего Марадона каде Милан играше против Наполи. Во дерби натпреварот од 30. коло на Серија А, Наполи го победи Милан со 2:1.

Ибрахимовиќ откри што се случувало во последниве денови и не ја пропушти можноста да се пошегува.

“Сигурно моето тело беше во шок бидејќи ја шишав косата, ха ха! Се разболев, се заразив од некаков вирус. Изгубив три килограми”, изјави советникот на раководството на Милан.

Некои заклучија дека легендарниот Ибра бил во расправија со управата на Милан.

“Не сме во расправија, разговараме. Тука сум за да помогнам на сите во клубот, на теренот и надвор од него. Така беше порано, така е сега и така ќе биде во иднина”, заклучи легендарниот напаѓач на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…