Дома Фудбал Ибрахимовиќ направи неочекуван потег, Павловиќ без вина завршил на трансфер листа

Ибрахимовиќ направи неочекуван потег, Павловиќ без вина завршил на трансфер листа

Росонерите до пред само еден месец беа во битка за титулата во Италија со Интер, но потоа на Сан Сиро сѐ тргна по надолна линија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Серијата на лоши резултати доведе до тоа Милан следната сезона да биде прашање дали ќе го гледаме во Лига на шампиони.

Милан моментално е четврти и на позиција која води во Лига на шампиони, но два кола пред крајот на сезоната има исти бодови како петопласираната Рома, додека Комо кој е шести има само два бода помалку.

Италијанските медиуми пишуваат дека веќе владее огромно незадоволство меѓу челниците на клубот и дека Златан Ибрахимовиќ одлучил во лето да направи големи промени во играчкиот, но и во тренерскиот кадар.

Сѐ повеќе се шпекулира дека Макс Алегри ќе ја напушти клупата на Милан на крајот од сезоната, но и дека некои ѕвезди на Росонерите веќе се нашле на трансфер листата.

Тука напредува Рафа Леао, на кого во Милан не му оди добро во последно време и е под целосна критика и постојани звиждања од страна на навивачите. Но, едно име на трансфер листата особено ги изненадило сите.

Тоа е српскиот дефанзивец Страхиња Павловиќ кој игра многу добра сезона, и навивачите на Милан воопшто не им е јасно зошто токму тој на крајот завршил на трансфер листата.

Сепак, не е тајна дека финансиски Милан не е толку силен како порано и доколку сакаат да доведат засилувања, ќе мораат да продадат некои од првотимците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо: Ако веќе имав добиено понуда од Реал Мадрид, немаше да ја погледнам

Жозе Мурињо, кој се споменува за враќање во Реал Мадрид, зборуваше пред финалниот натпрева…