Динамо во средата навечер на „Максимир“ го победи Милан и испадна од Лигата на шампионите со 11 освоени бодови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ден по мечот, на социјалните мрежи кружи и интервјуто кое го даде функционерот на Милан, легендарниот Златан Ибрахимовиќ, за Хрватската радио телевизија пред натпреварот.
Ибра беше расположен за разговор пред натпреварот, веројатно не би било така два часа подоцна, но репортерот беше изненаден што Златан не одговараше ни на англиски ни на италијански, туку се потруди да зборува на хрватски јазик.
Не беше тоа совршено, но беше исклучително забавно. Малку англиски, малку италијански, малку мака со падежи и некои зборови. Но – тоа е и Ибра.