Дома Фудбал Ибрахимовиќ: Реваншот со Феенорд за нас е финале

Ибрахимовиќ: Реваншот со Феенорд за нас е финале

Фудбалерите на Милан денеска во 18.45 часот на „Сан Сиро“ го пречекуваат Феенорд во реваншот од плејофот за осминафиналето од Лигата на шампионите. Росонерите го загубија првиот дуел игран во Ротердам пред една недела со минимален резултат од 0-1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Легендарниот Златан Ибрахимовиќ, советник во Милан, во најава на реванш дуелот од плејофот на Лигата на шампионите против Феенорд, изјави дека за „Росонерите“ оваа утакмица е финале.

„Ова за нас е финале, очекувам агресивна игра од првата минута. Важно е добро да играме, но уште поважно е да победиме. Губиме еден гол и мора да постигнеме добар резултат за да продолжиме понатаму. Сите заедно мора да се туркаме еден со друг, како играчите на теренот, така и оние од клупата“, рече Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус загуби од Фиорентина и само ќе сонува за ЛШ!

Екипата на Јувентус претрпе тежок пораз со 0:2 од Фиорентина во натпревар од 37-то коло на…