Дома Фудбал Ибрахимовиќ го најави натпреварот со Звезда – без да каже збор за српскиот гигант!

Ибрахимовиќ го најави натпреварот со Звезда – без да каже збор за српскиот гигант!

Поранешниот фудбалер на Милано, сега еден од советниците во истиот клуб, Златан Ибрахимовиќ, зборуваше за сајтот на УЕФА за неговата улога пред натпреварот против Црвена Звезда во Лигата на шампионите.

Познатиот шведски напаѓач ја заврши кариерата во 2023 година и оттогаш има улога во клубот кој му е во срцето.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


“Играв за многу клубови, многу одлични клубови, големи клубови и големи тимови. Но, оној што ми даде најмногу во кариерата е Милано. Овде бев два пати и она што Милано претставува многу го сакам. Преку што поминав првиот пат овде… Ми дадоа среќа. Вториот пат, ми дадоа љубов. Сега сакам да возвратам,” рече Ибрахимовиќ.

Специјално не се осврна на натпреварот против Црвена Звезда.

“Верувам во проектот. Верувам во она за што се залага Милано. Верувам и ја делам истата визија со луѓето со кои работам и сопствениците бидејќи тие сакаат неверојатни работи. Тие сакаат да создадат историја. Тоа се случува со победи и јас се чувствувам жив бидејќи сакам да победувам. Ќе направам сè и нема да се откажам додека победувам,” рече Ибра.

Разговараше и понатаму за самиот клуб и навивачите, како е да се биде во новата улога, Кристијан Пулишиќ, Тиђани Реиндерс…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…