Дома Фудбал И последната пречка за трансферот на Рашфорд во Барселона падна

И последната пречка за трансферот на Рашфорд во Барселона падна

Крилото на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд може да се смета за сигурно ново засилување на Барселона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


27-годишниот Англичанец успешно ги поминал задолжителните медицински прегледи и се очекува во наредните часови неговото преминување на заем да биде официјално објавено од каталонците. Веќе се знае дека Рашфорд ќе биде официјално претставен во среда.

Фудбалерот веќе се сретнал во базата на Барселона со тренерот Ханзи Флик и спортскиот директор Деко, како и со извршниот директор Хоан Солер.

Рашфорд ќе премине на заем до крајот на сезоната, а каталонците ќе имаат опција да го откупат за сума од околу 30 милиони евра. Англичанецот прифати да добива многу помала плата, само за да премине кај шпанските шампиони. Тој ќе добива околу 70% од надоместокот што го добиваше кај “црвените ѓаволи”.

Се очекува Рашфорд уште утре да започне тренинзи со неговиот нов тим, а потоа ќе патува на азиската турнеја на каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА сака 64 земји на Светското првенство во 2030! Постои една причин…

Претстојното Светско првенство брои 48 учесници, но тука не завршуваат проширувањата. Најг…