Дома Моторспорт И покрај терористичкиот напад во Џеда трката во Ф1 не се откажува

И покрај терористичкиот напад во Џеда трката во Ф1 не се откажува

Саудиска Арабија гарантира безбедна трка во Ф1 денес и утре и покрај тоа што се случи терористички напад во близина на патеката.

Од Формула 1 потврдија дека планот нема да се менува и дека трката ќе оди по распоред, таа одлука се донела после четиричасовниот состанок со раководителите на тимовите.

При крајот на слободниот тренинг во складиштето на саудиската нафтена компанија Армако во Џеда имаше тероростички напад, а одговорноста ја преземаа јеменските бунтовници Хути.

По нападот тие соопштија дека нивна цел се рафинериите во Џеда, а Арамко е една од нив. Треба да се спомене дека самата компанија Арамко е еден од спонзорите на Формула 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ф1 подготвува големо „слабеење“: Болиди под 700 килограми и враќање на В8?

ФИА планира помали и полесни болиди со поедноставен погон. Новата ера се подготвува за 203…