Дома Фудбал Хорор во Данска: Избоден фудбалерот на Мидтјиланд!

Хорор во Данска: Избоден фудбалерот на Мидтјиланд!

Фудбалерот на данскиот Мидтјиланд Аламара Џаби преживеа тежок напад во кој беше избоден со нож, по што итно беше опериран.

Спортската јавност во Данска, но и цела Европа, е шокирана од вестите дека 19-годишниот играч од средина на теренот бил цел на напад.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Како што соопшти клубот од Хернинг, Џаби бил двапати опериран, бил во индуцирана кома од која е пробуден и моментално неговата состојба е стабилна.

„Аламара Џаби е тешко повреден при напад со нож и сега се наоѓа во стабилна состојба по двете операции. Тој се разбуди од индуцираната кома и се чувствува добро во однос на околностите. ФК Мидтјиланд е во тесен дијалог и соработка со надлежните органи и обезбедува целосна поддршка за него и неговото семејство”, се наведува во соопштението од данскиот клуб.

Мотивите и деталите за нападот сè уште не се познати, а полицијата веднаш започна истрага, по која ќе бидат познати повеќе детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразил загуби, но сите зборуваат за оваа мајсторија: Погледнете како Роналдињо му асистираше на Адриано (Видео)

Легендите на Бразил беа поразени од легендите на Мексико со резултат 3:2 во пријателски на…