Шпанскиот прволигаш Жирона го заврши своето натпреварување во Купот на кралот веќе во второто коло на навистина неверојатен начин.
Жирону ја исфрли четвртолигашот Логроњес по изведувањето пенали (4:3), а херој на вечерта беше 19-годишниот бек Пол Арнау.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Но, за разлика од првото коло кога го постигна единствениот гол на натпреварот против Еибар, синоќа се истакна во одбраната и тоа бранејќи.
По повредата на голманот Кике Рољо во продолженијата, а сите измени беа искористени, еден од играчите мораше да застане на гол, а за тоа се пријави Арнау и ја заврши работата на врвно ниво.
Не само што не прими гол во продолженијата, туку и во изведувањето на пеналите успеа да го одбрани ударот на Абел Руиз што му донесе на Логроњес пласман во третото коло.
Сепак, не е случајно што Арнау реши да застане на голот. Имено, неговиот татко беше Франсеск Арнау, некогашен голман на Барселона, кој почина пред три години.
“Помислив на татко ми кога се пријавив да застанам на голот. Сигурен сум дека ме гледаше од небото и дека ми помогна да ја извршам задачата како што треба”, рече Арнау.
Покрај Жирона, својот пат во второто коло од Купот на кралот го завршија и прволигашите Еспањол и Виљареал, а интервенциите на Арнау може да ги видите од 1:24 минута од видеото.