Дома Останати Кошарка Хит сцена во Белград: Синот на Лесорт навиваше за Партизан и против својот татко (Видео)

Хит сцена во Белград: Синот на Лесорт навиваше за Партизан и против својот татко (Видео)

Матсон Лесор, синот на прочуениот француски кошаркар Матијас Лесор, привлече големо внимание во кошаркарската јавност по неколку снимки од белградската арена..

Партизан беше домаќин на Панатинаикос во 14. коло на Евролигата, а и овој натпревар е посебен за семејството Лесор. Матијас Лесор, кој некогаш воодушевуваше во дресот на Партизан, денес е член на Панатинаикос и се спротивстави на својот некогашен клуб.

Сепак, тоа не е причина неговиот син Матсон и сопругата Трејси да не навиваат за Партизан. Камерите повеќепати ја го снимија семејството Лесор како навива за гигантот од Белград, без оглед што Матијас игра за грчкиот клуб.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Семејството Лесор и претходно доаѓаше на натпреварите на Партизан, а Трејси толку го засака Партизан што на раката си го истетовира името на овој клуб.

Малечкиот Матсон „го украде шоуто“ за време на интонирањето на химната, па беше снимен како навива со шал на Партизан.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ во сенка на Дурант, Денвер ја прекина серијата на победи (Видео)

Тоа што стана тренд од почетокот на новата сезона, продолжи и синоќа – Денвер повтор…