Дома Моторспорт Хелмут Марко ги реши дилемите: Познато каде ќе вози Ферстапен во 2026 година

Хелмут Марко ги реши дилемите: Познато каде ќе вози Ферстапен во 2026 година

Хелмут Марко, советник на Ред Бул и еден од највлијателните луѓе во падокот, во последно време често зборуваше за несигурната иднина на Макс Ферстапен во австрискиот тим. Меѓутоа, сега тврди дека неговите грижи исчезнале.

По серијата на послаби резултати на Ред Бул во оваа сезона и шпекулациите за евентуален премин на Верстапен во Мерцедес или Астон Мартин, се чинеше дека Холанѓанецот би можел да ја искористи клаузулата за раскин на договорот ако тимот не е конкурентен. Но Марко го промени тонот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Точно е тоа, но таа загриженост сега е значително помала“, рече Марко за „Билд“.

„Макс е лојален и јавно се обврза на Ред Бул. Тоа се вклопува во сликата што ја имам за него во моментов. Целосно е фокусиран на работата тука. Затоа не мислам дека размислува за промена. Напротив. Убеден сум дека и во 2026 година, Макс ќе вози за Ред Бул“, додаде тој.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Драма во Кина: Го имаме најмладиот возач досега на пол-позиција, Мерцедес е доминантен

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели ќе ја започне утрешната трка за Големата награда…