
Хави Симонс е еден од најталентираните фудбалери во моментов и ова лето е желба на многу европски гиганти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Играчот самиот изјави дека не сака повеќе да игра за РБ Лајпциг бидејќи нема да учествува во Лигата на шампионите оваа сезона, и дека му е голема желба да игра на Островот.
Токму со екипите од Островот најмногу се поврзуваше холандскиот фудбалер, а главните зборови ги водеа Арсенал и Челси – лондонските ривали кои беа во трка за неговите услуги.
Како што известува реномираниот спортски новинар – Флоријан Плетенберг, повеќе нема дилеми и 22-годишникот сега целосно се определи за лондонските „сини“.
Сето укажува на тоа дека младиот Хави ќе биде нов играч на Челси од ова лето, и остануваат само деталите за да се постигне конечниот договор.