Херцеговачка улица во Загреб, речиси еден час по полноќ, беше сведок на нешто што никој не можеше да го очекува.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Непознато лице речиси еден час по полноќ фрли бомба во дворот на семејната куќа, предизвикувајќи материјална штета.
Според информациите од хрватските медиуми, добиени од Загребската полициска управа, нема повредени лица, а полициската истрага е во тек.
Како што тврдат новинарите на „Јутарњи Лист“, бомбата е фрлена на куќата во која живее најпознатиот хрватски фудбалски менаџер, Енди Бара.
Сè уште се чекаат информации дали нешто е забележано на надзорните камери.