
Хрватски навивачи кои синоќа беа на пат кон Црна Гора, каде што нивната фудбалска репрезентација вечерва го игра последниот квалификациски натпревар за Светското првенство, беа нападнати на патот меѓу Цетиње и Будва.
Тие пријавија во црногорската полиција дека на магистралниот пат, во место што не успеале прецизно да го идентификуваат, непозната група им го пресекла патот, по што прозорците и ретровизорите на нивните возила биле искршени со палки, известува црногорскиот портал Vijesti.me.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Комбето со сплитски регистарски таблички било искршено страничното стакло. Нападнатите хрватски навивачи по инцидентот побегнале и го пријавиле нападот на полицијата при влезот во Цетиње.
Од полицијата неофицијално изјавиле дека работат на осветлување на случајот и идентификација на сите учесници во настанот.
Во меѓувреме, хрватските навивачи зборуваа и за Радио Цетиње, каде изјавија дека го продолжуваат патот до Подгорица каде што вечерва ќе ја гледаат утакмицата. Тие сметаат дека нападот бил изолиран случај.
16.11.2025, Montenegro🇲🇪 – Croatia🇭🇷, Croatian car after attack in Montenegro before match, click for more here: https://t.co/y0f98rENn2
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) November 17, 2025
All in one place. Tap to download.
🔗 https://t.co/FXnrFRpzhv pic.twitter.com/2jtRAlp5JG
“Не ги обвинуваме Црногорците како народ, нè нападнаа лица со качулки. Слични инциденти има и кај нас”, кратко спомена претставник на Радио Цетиње и додаде дека тие ја сакаат и почитуваат Црна Гора и продолжуваат кон Подгорица за да го гледаат натпреварот и да го поддржат нивниот тим.
Хрватските навивачи заминаа од Цетиње после 23 часот, придружени од полициска патрола, а локалните власти им понудија и пружија сета можна помош.
Инаку, вечерниот натпревар, кој започнува во 20.45 часот, нема никакво резултатско значење, бидејќи Хрватска го осигура првото место со 19 бодови, додека Црна Гора е на четвртото место со само девет бодови и нема шанси да стигне до баражот.