Дома Моторспорт Хамилтон во Абу Даби го изедначи рекордот на Сена

Хамилтон во Абу Даби го изедначи рекордот на Сена

Луис Хамилтон сезоната во која ја освои шестата титула ја запечати со победа на стазата во Абу Даби.

Одличниот Британец вчера ја возеше 250. трка во кариерата, а по 50. пат стигна до триумфот откако стартуваше од пол позицијата.

Хамилтон водеше од првиот до последниот круг по 19. пат, со што го изедначи рекордот на легендарниот Ајртон Сена.

Инаку, за Хамилтон вчерашната победа му беше 84. во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Астон Мартин со нов потег: Од Формула 1 на терените за падел

Тимот се здружи со Паделтек за колекција рекети и додатоци, а во 2027 година соработката т…