Дома Моторспорт Хамилтон продолжува да доминира: Победа во Сингапур за зацврстување на првата позиција

Хамилтон продолжува да доминира: Победа во Сингапур за зацврстување на првата позиција

На денешната трка за Големата награда на Сингапур лидерот, Луис Хамилтон стигна до нова победа и така се зацврсти на првата позиција во шампионатот.

Британецот во текот на целата трка имаше солидна предност и на крајот и заслужено стигна до победата.

Зад Хамилтон заврши Ферстапен, додека Себастијен Фетел го доби последното место на пиедесталот

Големи возбудувања видовме во првиот круг кога се судрија двата болиди на Форс Индија, после што Окон мораше да ја заврши трката, а Фетел го мина Ферстапен.

Од пресудно значење за победата на Хамилтон беше тактиката. Британецот беше помеѓу првите возачи кои влегоа во пит-стопот, а со гумите кои ги стави издржа до самиот крај.

Бодови во Сингапур освоија уште Ботас, Раиконен, Рикиардо, Алонсо, Саинц и Леклер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

ФИА стави рампа: Нема посебни фелни за квалификации во Ф1

Од 2027 година тимовите нема да смеат да менуваат спецификација на фелните меѓу квалификац…