Дома Моторспорт Хамилтон побарал 400 милиони евра за нов договор со Мерцедес

Хамилтон побарал 400 милиони евра за нов договор со Мерцедес

Новиот договор на Луис Хамилтон засега е неизвесен, а според информациите од британските медиуми тој побарал најмалку 400 милиони евра да стави потпис на нова соработка.

Засега не се знае на колку години би бил тој договор. Седумкратниот светски шампион треба уште две сезони да биде во Мерцедес, а потоа би бил амбасадор на овој бренд.

Хамилтон имаше очајна сезона. По она што се случи во 2021 година кога ја загуби титулата во последната трка од Макс Врестапен и тој и Мерцедес не беа ниту бледа сенка од она што навивачите го очекуваа.

Меѓутоа и покрај тоа според најавите Мерцедес е спремен да му ги исполни барањата за соработката да продолжи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Астон Мартин со нов потег: Од Формула 1 на терените за падел

Тимот се здружи со Паделтек за колекција рекети и додатоци, а во 2027 година соработката т…