Дома Моторспорт Хамилтон по трката во Мајами му порача на шефот на Ферари: Смири се, пријателе

Хамилтон по трката во Мајами му порача на шефот на Ферари: Смири се, пријателе

Луис Хамилтон откри дека по трката во Мајами имал директен разговор со Фред Васер, шефот на тимот на Ферари во Формула 1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Седумкратниот шампион беше доста гласен на радиото на тимот, каде што повеќепати изразуваше фрустрација поради нејасните наредби на тимот и одлуките за кои тој сметаше дека го чинеле Ферари подобар пласман.

На крај Хамилтон заврши осми, веднаш зад клупскиот колега Шарл Леклер, иако за време на трката двапати ги заменуваа позициите во обид да го стигнат Кими Антонели.

Фрустрацијата кај Хамилтон само се зголемуваше, особено бидејќи беше на побрзите средно-тврди гуми, додека Леклер возеше на потврда компонента.

„Фред дојде кај мене во собата“, рече Хамилтон пред новинарите по трката. “Само му ја ставив раката на рамо и му реков: ‘Смири се, пријателе. Не биди толку чувствителен.'”

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Падна од моторот, па го турна и му удри шлаканица на редарот (Видео)

Неверојатно е тоа што го направи Марко Безеки, кој нема да настапи на Големата Награда на …