Дома Моторспорт Хамилтон најавува останување во Формула 1 уште долго време

Хамилтон најавува останување во Формула 1 уште долго време

Луис Хамилтон изгледа уште долго ќе го гледаме на патеките во Формула 1. Откако Бртианецот извози најдобра половина од сите негови сезони завршувајќи со победа на Хунгароринг актуелниот шампион цели кон нова титула.

За Хамилтон ова е веќе 13-та сезона во најбрзиот караван во светот, а од договорот со Мерцедес за кој вози од 2013 година му останува уште една година. Тој освои четири титули и му недостасуваат уште две за да се изедначи со легендарниот Михаел Шумахер.

Засега тој нема намера да се повлекува и порачува дека уште долго ќе го гледаме во Формула 1.

„Знам дека еден ден ќе морам да престанам, но во овој момент јас се чуствувам фантастично. Не планирам во блиска иднина да се повлекувам, имам уште за победување и остварување на целите како во болидот, така и надвор од него“, изјави Хамилтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Астон Мартин со нов потег: Од Формула 1 на терените за падел

Тимот се здружи со Паделтек за колекција рекети и додатоци, а во 2027 година соработката т…