Дома Моторспорт Хамилтон на претставувањето на новиот болид: Никогаш не кажав дека ќе се откажам!

Хамилтон на претставувањето на новиот болид: Никогаш не кажав дека ќе се откажам!

Денес Мерцедес и официјално го презентираше болидот за новата сезона во Формула 1, за време на промоцијата беше разрешена и дилемата во изминатиот период за кариерата на Луис Хамилтон.

Седумкратниот светски шампион се поврзуваше со повлекување по драматичниот крај минатата сезона во која Макс Верстапен во последниот круг во Абу Даби стигна до титулата. Хамилтон порача дека никогаш не кажал дека ќе престане да се трка.

„Никогаш не кажав дека ќе престанам да се тркам. Се уште уживам додека го правам тоа, привилегија е да се биде дел од овој спорт и да се работи со вакви луѓе. Потребно ми беше малку време да поминам надвор од Ф1. Поминав низ тежок период и морав да се оттргнам од јавноста за да се посветам на самиот себе. Моето семејство беше до мене и тоа ми значеше“, изјави Хамилтон.

Во новата сезона Хамилтон ќе биде тимски колега со неговиот сонародник, Џорџ Расел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ф1 подготвува големо „слабеење“: Болиди под 700 килограми и враќање на В8?

ФИА планира помали и полесни болиди со поедноставен погон. Новата ера се подготвува за 203…