Дома Моторспорт Хамилтон може да остане без настап на трката во Монако?

Хамилтон може да остане без настап на трката во Монако?

Возачот на Мерцедес и седумкратен светски шампион во Ф1, Луис Хамилтон би можел да добие забрана за настап на трката за Големата награда на Монако ако не го тргне накитот од носот.

Британски „Дејли Мејл“ објави дека Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) им забранува на возачите да носат накит во болидите.

ФИА му даде време на Хамилтон да го тргне накитот, по што британскиот возач доби предупредување, а ако не ги почитува правилата, тогаш ќе добие казна.

Хамилтон претходно кажа дека не сака да го тргне пирсот затоа што е потребна хируршка интервенција, но сепак ќе мора да ги почитува правилата ако сака да вози во „најбрзиот циркус“ во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ф1 подготвува големо „слабеење“: Болиди под 700 килограми и враќање на В8?

ФИА планира помали и полесни болиди со поедноставен погон. Новата ера се подготвува за 203…