Дома Фудбал Халанд со три збора го искоментира чудото на ПСЖ и Баерн

Халанд со три збора го искоментира чудото на ПСЖ и Баерн

На првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите, ПСЖ на „Паркот на принцовите“ успеа да го совлада Баерн со 5:4. Гледачите беа сведоци на неверојатен натпревар исполнет со пресврти, кој влезе во историјата на натпреварувањето уште во првото полувреме со постигнати пет гола. Двапати погадија Хвича Кварацхелија и Осман Дембеле за тимот на Париз, додека Жоао Невес постигна еден гол. За Баварците, стрелци беа Хари Кејн, Мајкл Олисе, Дајот Упамекано и Луис Дијаз. Реваншот ќе се одигра во среда на 6 мај во Минхен.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Исклучителниот настан во Париз не го остави рамнодушен ниту еден од најдобрите голгетери во светот. Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (25), брзо реагираше преку Snapchat. При резултатот од 5:3, објави фотографија од екранот на кој се пренесуваше натпреварот со коментар „Ова е фудбалот“.

Неговиот коментар стана вирален во краток временски период, а Баерн веднаш по тоа постигна уште еден гол. Халанд оваа сезона има постигнато 35 погодоци, од кои осум се во Лигата на шампионите. Во својата кариера, за клубовите и репрезентацијата, веќе има постигнато 351 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ноќ која ќе сака да ја заборави: Мануел Ноер постави неславен рекорд во Лига на шампиони

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Баерн со 5:4 во првиот натпревар од полуфиналет…