
ЕРЛИНГ Халанд, во натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Наполи на Етихад, испиша историја во Лигата на шампионите, како играч кому му беа потребни најмалку натпревари за да постигне 50 голови во натпревањето, надминувајќи го рекордот што 18 години го држеше Руд ван Нистелрој.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Норвешкиот напаѓач го постигна својот 50. гол во само 49 натпревари од најсилното европско клупско натпреварување, што е за дури 13 натпревари помалку отколку што му беа потребни на легендата на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
Халанд исто така е вториот најмлад играч што ја достигнал оваа граница со 26 години и 22 дена, само зад Килијан Мбапе, кој имаше 25 години и 356 дена кога го постигна својот 50. гол.
Играчите со најмалку натпревари за 50 голови во Лигата на шампионите:
- Ерлинг Халанд – 49
- Руд ван Нистелрој – 62
- Лионел Меси – 66
- Роберт Левандовски – 77
- Килијан Мбапе – 79
- Карим Бензема – 88
- Кристијано Роналдо – 91
- Раул Гонзалез – 97
- Тиери Анри – 103
- Томас Милер – 130