Дома Фудбал Гвардиола удри по навивачите: Треба да ви е срам, што е виновна неговата мајка?

Гвардиола удри по навивачите: Треба да ви е срам, што е виновна неговата мајка?

Манчестер Сити изремизира 0:0 против Манчестер Јунајтед во дербито на 31. коло на Премиер лигата, а по натпреварот Пеп Гвардиола ја коментираше една неумесна ситуација.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За време на првото полувреме од дуелот на „Олд Трафорд“, неколку навивачи на Јунајтед скандираа на сметка на Фил Фоден (24) и неговата мајка, што ја налути ѕвездата на „Граѓаните“.

На оваа ситуација беше запрашан и Пеп Гвардиола (54), кој изјави дека е згрозен од однесувањето на поединечни навивачи на домашниот тим.

Пеп истакна дека навивачите на Манчестер Јунајтед кои ја навредувале мајката на Фил Фоден покажале непочитување.

„Недостаток на класа. Но, не станува збор за Јунајтед, туку за луѓето, разбирате? Така сме изложени – менаџери, сопственици и фудбалери особено. Што им е виновна мајката на Фил?“ изјави Пеп.

Фото: Манчестер Сити/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …