Дома Фудбал Гвардиола се изввини за своето однесување по поразот од Њукасл: Се чувствувам непријатно и засрамено

Гвардиола се изввини за своето однесување по поразот од Њукасл: Се чувствувам непријатно и засрамено

Менаџерот на Манчестер Сити Жозеп Гвардиола потврди дека екипата моментално го заборави поразот од Њукасл и е фокусирана на утрешниот дуел со Бајер Леверкузен, кој според Шпанецот е многу важен за премин во следната фаза на Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Родри и Ковачиќ не се подготвени за утре. Сите останати се на располагање. Родри не е далеку, но не сум сигурен кога точно ќе се врати. Ќе почекаме уште малку за да се увериме дека е добро.

Поразот од Њукасл моментално беше заборавен. Размислувавме за слученото, но сега од најголемо значење е да го изодиме патот кон следната фаза на Лигата на шампионите. Претстојат последните четири натпревари – два дома и два на гостинска почва. Утре играме против третиот во Бундеслигата и тоа е многу важен натпревар за да завршиме меѓу најдобрите 8. Ни треба победа, а потоа уште еден бод за да се квалификуваме во следниот круг,“ изјави Пеп на денешната прес-конференција.

Гвардиола утре ќе го запише својот натпревар број 100 во Лигата на шампионите, откако неодамна го одбележа илјадитиот натпревар во својата тренерска кариера. Еве што рече Шпанецот по овој повод: “Сфаќам дека стареам. Секој натпревар претставува некакво значајно настанување. Убаво е. Тоа значи дека секоја сезона сме биле во ова огромно натпреварување. Да се натпреваруваш со најдобрите екипи во Европа е неверојатно”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не заборави на Меси во неговите најтешки денови, му испрати емотивна порака (Фото)

Аргентинецот Лео Меси се соочува со тежок период по загубата на својот татко, кој почина п…