Дома Фудбал Гвардиола: Родри не е во состојба да игра три натпревари неделно

Гвардиола: Родри не е во состојба да игра три натпревари неделно

Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити, изјави дека не знае дали играчот од средниот ред Родри (29) ќе игра во среда во дуелот од Лигата на шампионите на гостувањето кај Монако, додавајќи дека шпанскиот репрезентативец во моментов не може да игра три натпревари неделно.

Освојувачот на „Златната топка“ во 2024 за најдобар фудбалер во светот беше надвор од теренот осум месеци поради тешка повреда на коленото. Заради тоа ја пропушти речиси целата мината сезона и на терен се врати кон крајот на мај. Но, на летното Светско клупско првенство во САД заработи повреда на препоните.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во новата фудбалска сезона запиша пет настапи за Сити, при што четири пати беше во почетниот состав. Меѓутоа, во саботниот првенствен натпревар против Барнли, кој Сити го доби со 5:1, не беше во тимот.

„Родри ден пред натпреварот со Барнли не се чувствуваше добро. Денес се чувствува многу подобро, па ќе видиме. Не е иста ситуацијата како на Светското клупско првенство, сега не е повреден. Мислам дека во моментов не е во состојба да игра три натпревари неделно на највисоко ниво. За целосно закрепнување од таква повреда потребно е барем една година”, рече Гвардиола во вторникот на конференција за новинари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Кардиф ќе го отвори ЕУРО 2028, финалето ќе биде на „Вембли“

Иако квалификациите сè уште не се започнати, веќе е познато дека отварањето на ЕУРО 2028 ќ…