Вечерва Манчестер сити ќе се соочи со холандски Феенорд во рамките од 5. коло во Лигата на шампионите и избраниците на Пеп Гвардиола ќе се обидат во овој натпревар да ја прекинат серијата од пет порази во низа во сите натпреварувања.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанскиот стратег никогаш претходно во кариерата не бил во ситуација да забележи пет неуспеси во серија, а како една од причините секако е отсуството на Родри.
Освојувачот на „Златната топка“ се повреди и за него актуелната сезона е завршена, Пеп признава дека без него на теренот работите одат потешко.
„Кога морате да играте без Родри кој беше избран за најдобар во светот секако е тешко. Тука се и другите повреди и во овој момент надвор од тимот се Ковачиќ и Рубен Дијас. Не сме во добра ситуација, но верувам ќе дојдат подобри денови во кои повторно ќе зборуваме за победи“, изјави Гвардиола.
Манчестер сити викендов го чека и еден од можеби најважните натпревари сезонава бидејќи „граѓаните“ гостуваат на Ливерпул кој е лидер на табелата со осум бода предност.