
Откако Флоријан Вирц ги одби, Манчестер Сити изгледа го пронајде наследникот на Кевин де Брујне во Франција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според информациите на Фабрицио Романо, лидерите на Сити започнале разговори со Лион за потенцијалната купопродажба на францускиот ас Рајан Черки.
Дваесет и еднагодишниот Черки, оваа сезона во 44 натпревари за Лион постигна 12 гола и 20 асистенции, и не е чудо што е интерес на најголемите европски клубови.
🚨🔵 Манчестер Сити воспоставија контакт за првични преговори за Рајан Черки како потенцијален №10.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 29, 2025
Тој е на врвот на листата заедно со Морган Гибс-Вајт по отпаѓањето на договорот со Вирц, додека Черки е свесен за интересот на Ман Сити. pic.twitter.com/YvQPEXoumr
Според Романо, Сити имаат и резервен план, во вид на фудбалер кој веќе долго време е ѕвезда на англискиот фудбал.
Имено, Морган Гибс-Вајт (25), кој оваа сезона во Премиер лигата постигна 7 гола и 10 асистенции, би можел да го напушти Нотингем Форест, а Сити е една од можните дестинации за него.
Фото: Manchester City/X