
Денеска на „Етихад“ ќе се игра натпревар што може да го одлучи шампионот на Англија.
Манчестер Сити ќе ја пречека тимата на Арсенал на свој терен во натпревар што ќе даде многу одговори кога станува збор за борбата за првото место.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во моментов Арсенал е прв на табелата со шест бодови предност пред Манчестер Сити, но тимот што го води Пеп Гвардиола има еден натпревар помалку од „Топџиите“.
Својот натпревар Манчестер Сити ќе го игра веќе в среда, и ако го добијат денес и на тој натпревар тогаш би биле бодовно изедначени со „Топџиите“ пред последните четири натпревари во сезоната.
До крајот на сезоната Манчестер Сити треба да гостува на Евертон, потоа да го пречека Брентфорд, да гостува на Борнмут, а сезонава ќе ја заврши дома против Астон Вила.
Арсенал покрај денешниот натпревар има да игра и на Емиратите со Њукасл, потоа ќе го пречека Фулам, да гостува на Вест Хем, да го пречека Барнли, а сезоната ќе ја заврши во гостување кај Кристал Палас.
Пеп Гвардиола вчера фрли „отровна стрела“ кон Микел Артета и навивачите на Арсенал во пресрет на овој натпревар.
На прашањето на новинарот за тоа дека Пеп рече дека Арсенал има предност бидејќи не освоија лига 22 години, но никогаш не дошле на Етихад и победиле откако е Пеп овде.
„Не ме прашувај тоа прашање. Кога кажуваш дека нешто не се случило, знаеш што следува”, рече Гвардиола алудирајќи дека веднаш се случува тоа што никогаш не се случило.