Дома Фудбал Грозданова покажа дека може да биде топ засилување за шампионот – двапати стрелаше на дебито!

Грозданова покажа дека може да биде топ засилување за шампионот – двапати стрелаше на дебито!

На самиот крај од преодниот рок ЖФК Љуботен во своите редови ја доведе 16-годишната Меланија Грозданова која уште на деби настапот покажа дека може да биде големо засилување за шампионот.

Тетовскиот тим и оваа сезона има јасна цел, нова шампионска титула и настап во европските натпреварувања, а Грозданова би можела да биде од голема помош во таа цел. Својот деби-настап го имаше во дуелот со ЖФК Топ Гол, кога Љуботен на полувреме водеше со 0-1.

Веднаш по нејзиното влегување на теренот, младата офанзивка со маестрален дриблинг и прецизен удар зголеми на 0-2, за само пет минути подоцна повторно да погоди, по асистенција на Хава Мустафа, и да го постави конечниот резултат.

Фото: Grozdanova Melanija MG7

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брегалница го отпушти тренерот без да му го спомне името!

Штипскиот прволигаш денеска официјално соопшти дека ја прекинува соработката со стручниот …