Дома Фудбал Гризман објави фотографија на Инстаграм, а Суарез со коментарот го остави без текст

Гризман објави фотографија на Инстаграм, а Суарез со коментарот го остави без текст

Антоан Гризман во последно време не е многу среќен со својот статус во Барселона.

Французинот на Камп Ноу пристигна како големо засилување од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра, но оваа сезона не успеа да ги оправда очекувањата во каталонскиот клуб.

Последните натпревари Гризман најчесто е на клупата, а пред неколку дена во дербито против поранешниот клуб влезе во игра во 89. минута. Според многумина, тоа е понижување за Гризман од страна на тренерот Сетиен.

Јасно е дека на Гризман не му оди според планираното, па дури се шпекулираше дека не е во добри односи со Меси и Суарез.

Сепак, денешната објава на Инстаграм тоа го демантираше. Имено, Гризман објави фотографија од тренинг, а Суарез му остави коментар кој ги воодушеви навивачите на Барселона.

„Секогаш биди позитивен и гледај напред.“ – му порача Суарез на својот соиграч, на кој поддршката во овие моменти му е потребна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…