Дома Кошарка Грција по голема борба против Финска освои бронза на Евробаскетот

Грција по голема борба против Финска освои бронза на Евробаскетот

Кошаркарите на Грција триумфираа со 92-89 против Финска во битката за трето место на Евробаскетот.

Нашиот јужен сосед ја доби првата четвртина со 24-15, по што доминираше и во втората четвртина за водство од 48-34 на полувреме.

Грција ја одржуваше предноста и на стартот на второто полувреме, но Финска се разигра во последната четвртина кога го внесе мечот во драматична завршница.

Финска, сепак, немаше сила да направи целосен пресврт и Грција го освои третото место на натпреварувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Петмина двоцифрени во Куманово, Кожув запрен со 17 поени разлика

Куманово го совлада Кожув со 91:74 и се врати на победите по поразот од Работнички. Двата …