Дома Фудбал Готово: Завршена сагата околу иднината на Салах!

Готово: Завршена сагата околу иднината на Салах!

Ливерпул е многу блиску до обновување на договорот со египетскиот напаѓач Мохамед Салах (32) кој истекува следното лето, пренесуваат многу британски медиуми.

Пред неколку дена се чинеше дека незадоволниот Салах на крајот од сезоната ќе го напушти „Енфилд“, за што зборуваше и самиот тој, но сега е многу поверојатно дека ќе остане во клубот чии дрес го носи седум години.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Менаџерот на Салах инсистираше на тригодишна соработка, додека Ливерпул првично понуди едногодишен договор.

Како резултат на преговорите, страните постигнаа компромис за нов двегодишен договор, пренесуваат медиумите од Островот.

Финансиите наводно никогаш не биле проблем во преговорите со Салах бидејќи тој веќе е еден од најплатените играчи во клубот со плата од 480.000 евра неделно.

Да потсетиме, Салах дојде во Ливерпул од Рома и досега одигра 377 натпревари, постигнувајќи 226 голови и 101 асистенција.

Оваа сезона е најдобар стрелец на Премиерлигата со 13 постигнати голови, а Редсите се лидери со 35 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде ги врати славните европски вечери на Реал Мадрид

Со извонреден хет-трик на Федерико Валверде (20’, 27’, 42’), тимот на Реал Мадрид го пораз…