Дома Фудбал Готово: Партизан го избра новиот тренер!

Готово: Партизан го избра новиот тренер!

ФК Партизан во понеделник изненадувачки остана без тренер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Саво Милошевиќ поради несогласувањата со новата управа го напушти клубот, а црно-белите објавија дека во вторник ќе се обрати на јавноста тренерот кој во следните два натпревара ќе седи на клупата на великанот од Хумска 1.

Сега е познато и кој ќе биде тоа.

Станува збор за Марко Јовановиќ, кој беше помошник на Саво Милошевиќ, но и на неговите претходници, Александар Станојевиќ, Алберт Наѓ и Игор Дуљај.

Бидејќи тој не поседува тренерска А лиценца, формално тренер ќе биде Лазар Томиќ кој ја има таа лиценца.

„Црно-белите“ во среда го дочекуваат Раднички Ниш од 16:30 часот во одложениот натпревар од 5. коло на Суперлигата на Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фановите на Барса го освиркуваа Кукуреја

Поддржувачи на Барселона го изразија својот гнев кон Марк Кукуреја за време на натпреварот…