Дома Фудбал Голема чистка на „Олд Трафорд“: Манчестер јунајтед планира да заработи 200 милиони фунти

Голема чистка на „Олд Трафорд“: Манчестер јунајтед планира да заработи 200 милиони фунти

Манчестер Јунајтед се подготвува за темелна трансформација на тимот во претстојниот летен преоден рок.

Дел од овој план подразбира и раздружување со неколку високо платени фудбалери, со цел клубот да ослободи буџет и да обезбеди свеж капитал во вредност од околу 200 милиони фунти.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Меѓу првите имиња на списокот за продажба се играчи кои веќе се наоѓаат на позајмица – Маркус Рашфорд, кој би можел да донесе околу 50 милиони фунти, Џејдон Санчо со очекувана цена од 30 милиони, Ентони со слична вредност и Тајрел Маласија, чиј потенцијален трансфер се проценува на 10 милиони фунти.

Клубот е отворен и за преговори околу продажбата на некои од своите поискусни или поскапите фудбалери. Бразилецот Каземиро и голманот Андре Онана се дел од тие разговори, а интерес за нив покажуваат клубови од Саудиска Арабија. Доколку дојде до договор, се очекува од нивните трансфери да се инкасираат дополнителни 20 милиони фунти.

Најголемо внимание, сепак, привлекува ситуацијата со талентираниот аргентински офанзивец Алехандро Гарначо.

Фото: Manchester United/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потврдена лошата вест: Баерн ослабен на гостувањето кај Интер

Иако во Баварија веруваа дека Мануел Ноер ќе биде подготвен за реваншот со Интер, тоа сепа…