Дома Видео Гол на сезоната во Турција: Гол на Кучка од половина терен

Гол на сезоната во Турција: Гол на Кучка од половина терен

Веќе се беше готово. Галатасарај водеше со 2:0, се играше судиското продолжение, а арбитарот досуди фаул за Трабзон на средината од теренот. Ништо не мирисаше на возбудување.

А тогаш потег на натпреварот. Потег на сезоната во Турција.

Фудбалерот на Трабзон Јурај Кучка примети дека голманот Муслера истрча. Брзо дојде до топката и од центарот испрати проектил кон голот на Галатасарај. Муслера успеа да се врати на голот, но Словаот погоди под самата пречка.

Фатих Терим кисело се насмеа, а навивачите на Галата со аплаузи го наградија овој феноменален потег на Кучка.

Уживајте од повеќе агли…

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Со 20 фудбалерки во Грузија: Милеска ги избра силите за европските квалификации

Македонската женска селекција до 17 години ја очекуваат три квалификациски дуели во Тбилис…