Дома Останати Тенис Ѓоковиќ ги разочара фановите – нема да игра во Рим!

Ѓоковиќ ги разочара фановите – нема да игра во Рим!

Новак Ѓоковиќ ја објави веста дека нема да учествува на Мастерсот во Рим, што ги изненади неговите фанови, но и тениските експерти.

Мастерсот во Рим се игра следната недела, а Ѓоковиќ, по одигран еден натпревар минатата недела на Мастерсот во Барселона, одлучи да го прескокне турнирот кој го има освоено дури шест пати.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На ниту еден од тениските експерти не им е јасно зошто Ѓоковиќ се откажа од натпреварувањето во Рим, особено затоа што повреда не е наведена како причина за откажувањето.

До Ролан Гарос останаа само 25 дена, и за сите врвни тенисери Мастерсот во Рим е последната вистинска подготовка пред единствениот Гренд Слем турнир на земјена подлога.

За Ѓоковиќ, добар настап во Рим беше неопходен знаејќи дека оваа година не освои ниту еден сет на земјена. Во Монте Карло изгуби од Алехандро Табило, а во Мадрид од Матео Арналди.

Ѓоковиќ неодамна истакна дека ќе се фокусира само на Гренд Слем турнирите до крајот на кариерата, и реално е оваа година на US Open последен пат да го гледаме на теренот.

Фото: Novak Djokovic/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ја објави порака која го потресе светот на тенисот – Ова ли е крајот?!

Новак Ѓоковиќ без сомнение е еден од најголемите тенисери на сите времиња и без никаква ко…